Прославената српска филмска, телевизиска и театарска дива Неда Арнериќ по подолго време се врати на сцената. Таа се појави во преставата “Извињавам, многу се извињавам“ и доби бурни аплаузи на сцената во Кикинда.
Текстот се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од свое искуство би порачала “Луѓе, не се откажувајте од животот дури и кога сте оставени сами!“ . Повторно можат да најдат некој со кого ќе го поминат остатокот од животот – изјавила Неда која од тешката ситуација која и се случи на почетокот на годината повторно излезе како победник.
Имено, во февруари Неда Арнериќ во својот дом беше пронајдена од својот брат во несвест и со Итната помош беше пренесена во болница. Таа беше примена на токсикологија, а се шпекулира дека глумицата сакала да се убие откако измешала повеќе лекарства.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.