Јaвноста остана запрепастена од црно-белите фотографии кои американската актерка Тара Рид, на многумина позната по улогата на Вики Лејтам во филмовите „Американска пита“ ги сподели на „Инстаграм“, нарекувајќи ги „уметнички“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

„Што ти се случило?“, „Ти си толку убава девојка и тажно е да те гледаме ваква. Се надевам дека си среќна, тоа е најважно”, биле дел од коментарите.

Рид потоа објави и друга фотографија во која порача дека не сака да ѝ судат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tara Reid (@tarareid)

За сите оние кои коментираа и изразија омраза кон моите уметнички фотографии, да им објаснам, само е до аголот. Еве уште една фотографија која докажува дека не сум премногу слаба. Имам брз метаболизам. Сите кои имаат брз метаболизам знаат колку е тешко да се добие килажа. Само јадам. Сите кои напишаа нешто убаво, ве сакам. И понатаму ширете љубов, тоа е единствената работа која ќе го спаси овој свет, напишала таа.

Фановите ѝ порачаа дека не ѝ судат, туку се загрижени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.