Марина Гагиќ во последното интервју го критикуваше својот свршеник, а Дарко Лазиќ не остана нем на јавно изнесените примедби.
Имено свршеницата на пејачот истакна дека на Лазиќ, поважно му е друштвото од семејството.
Дарко е добар, ама премногу време и внимание посветува на небитни луѓе. Ми пречи што постојано се гледа со неважни луѓе, што се дружи со секого. Кај мене, за разлика од него, се знае приоритетот, тој и семејството – изјавила Марина.
Друштвото не ме интересира толку. Јас сум баш поинаква од него – додала Гагиќ.
Дарко пак овие нејзини зборови ги доживеа како провокација.
Не сум бил јас поп, па сум станал пејач. Знаеше со кого влегува во врска. Вистина е дека можам да функционирам со секого, а јас во тоа ја гледам и својата величина. На крајот, не би бил со тие луѓе, ако не ми е убаво – рекол пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.