Српската пејачка, Дара Бубамара сериозно и замерила на својата другарка и колешка, Северина Којиќ бидејќи не си го испочитувала зборот и не и пружила поддршка тогаш кога и била најпотребна.

Имено, Дара се навредила кога дознала дека снаата на Кеба нема да го поддржи нејзиниот прв голем солистички концерт, иако првично и ветила дека ќе присуствува. Дополнително, таа ја блокирала Северина на социјалните мрежи и ја прекинала комуникацијата со неа.

Северина и Дара беа многу добри другарки, вистина е дека не се гледаа често, но комуницираа преку телефон и во најтешките моменти си беа поддршка една на друга, открил извор за српски „Ало“ и додал:

Кога Дара го закажа концертот во Белград, Северина и вети дека ќе дојде за да го испромовира, но и дека ќе и го изрекламира на Инстаграм. Не направи ништо од тоа, па Дара и се налути, додал изворот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.