Јелена Карлеуша минува низ многу тешки моменти откако во јавноста исплива се за нејзината наводна порно афера со фудбалерот Огњен Врањеш. Таа се уште не закрепна од медиумската хајка врз неа, па на снимањето на емисијата на Ѕвездите на Гранд, беше видливо дека е потресена, не сакала да зборува, била нерасположена. Ниту трага од секогаш веселата и гласна Карлеуша.

Со објавите кои ги става на Инстаграм, само потврдува колку и е тешко.
Таа денеска во раните утрински часови, објави порака на Инстаграм, но брзо се предомисли и ја отстрани.

Само да ве поздравам сите и да ве прашам како сте…?!Како ви се допаѓа овој медиски линч над една жена?Дали уживате, дали убаво се забавувате?Дали се чувствувате подобро додека гледате, листате, кликате, прераскажувате и коментирате? Баш ми е драго што го подржувате насилството над жена, мајка на две деца – напишала пејачката.

Иако секогаш важела за силна и храбра жена, скандалот за кој сите зборуваат последниве денови, Карлеуша целосно се промени и не може да се опорави од сето ова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.