Поранешната американска порно актерка Лана Роудс (вистинско име Амара Мејпл), која има 13 милиони фанови на Инстаграм нема претерана причина да се жали на популарноста и страста што ја чувствуваат мажите ширум светот додека ја гледаат.

Сепак, Лана е во депресија во последните неколку недели, поради што почнала да оди и на психотерапевт.

Една година немам секс надвор од камерите и студијата. Една година не се чувствувам заљубено, спонтано, опуштено. На почетокот ми се допаѓаше инстант популарноста, но во последните неколку месеци бев згрозена и се повлеков – вели Лана.

Депресивна сум затоа што не можам да најдам човек што ми одговара. Некој, кој ќе ме сака. Секој што го сретнав последниве месеци исклучиво ме гледа низ порно призма. Почнав да го презирам тоа. Нема повеќе додворување, прошетки, романтични излегувања. Тие мислат дека сум како во филмовите – гледаат веднаш да ме легнат – се жали Лана.

Не жалам што снимав 12 месеци без престан, што имав повеќе секс отколку што сите мои пријателки заедно ќе имаат до крај на животот. Но, сега само сакам да запознаам некој што ќе ме сака од дното на душата, од срце, како да не сум онаа Лана, порно ѕвездата – вели Роудс, чие име е едно од најпопуларните на сајтовите за возрасни.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.