Пејачот Стефан Ѓуриќ Раста беше уапсен во петокот, кога полицијата пронашла пет грама марихуана кај него, а потоа, по наредба на обвинителството, бил извршен претрес во неговиот стан каде е пронајдена поголема количина сканк.
Тој бил сослушан пред Вишото обвинителство во Белград, по што обвинителството му одреди мерка притвор до 30 дена.
Раперот наводно сега признал во полиција како набавувал марихуана, но не и името на лицето од кое купувал.

Точно е дека кај мене е пронајдена наркотична дрога, но не е точно дека ја чував за препродажба. Дрогата ја користев исклучиво за моја лична употреба. Јас сум уметник и користам марихуана подолго време, и сум нејзин промотор и мислам дека треба да се користи како лек. Никогаш претходно не сум имал ваква количина марихуана со мене, но едноставно ми беше дадена можност да ја набавам оваа количина, а поради ситуацијата со короната, сакав да се обезбедам. Никогаш не сум продaвал марихуана или друг вид дрога. Исто така, никогаш не сум користел друг вид дрога, дури ни „бромазепам“ и слично –  наводно рекол Раста, а пренесува Курир.рс.

Исто така, се наведува дека раперот признал дека соработувал со полицијата.

Ги одведов во станот каде што престојувам нерегистриран и им го покажав местото каде што се наоѓа дрогата. Марихуаната беше во бањата во машината за перење. Ја добив на почетокот на септември, околу 700-800 грама. Не му дадов на никого. Заради сопствената безбедност и безбедноста на моето семејство, не сакам да откријам од кого ја купив дрогата. Не се сеќавам точно колку платив за тоа, но тоа беше околу 2.000 евра – рекол Раста.

Тој рекол дека не е зависник од марихуана, објаснувајќи дека ја користи токму затоа што верува дека не може да биде зависник.

Обично користам 20 грама на ден во 20 џоинти. Дрогата што е пронајдена кај мене беше во мојата долна облека, една ПВЦ ќесичка. Ја носев оваа марихуана со себе затоа што требаше да го земам мојот пријател А.Н., имавме договор да одиме покрај река за да уживам во марихуаната – нагласил Раста.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.