Селин Дион ретко споделува приватни моменти преку социјалните мрежи и своето семејство не сака јавно да го експонира. Но, овојпат направи исклучок поради една посебна прилика. Нејзините близнаци Нелсон и Еди, го прославија 9-тиот роденден.

Дупла насмевка, дупла радост, дупла љубов. Среќен роденден Нелсон и Еди. Многу сум горда на своите момчиња. Ве сака мама, напиша Дион.

Канадската пејачка го има и 18-годишниот син Рене Чарлс. Сите три сина ги доби со сопругот Рене Анџели, кој пред три години ја изгуби борбата со ракот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.