Полицијата вчера на Нов Белград во Блокот 38 упаднала во козметички салон за кој се испоставило дека е локал, кој го држи Марија Булат, жена на пејачот Марко Булат.
Како што се дознава, интервенирале 6 автомобили на интервентната полиција и за време на акцијата уапсени се три мажи и една жена, а се испоставило дека станува збор за Марија Булат. Запленети се и 3 автомобили.
Козметичкиот салон, поточно солариумот е затворен.
За време на акцијата пронајдена е извесна количина на дрога, две ваги за прецизно мерење и запленети се 2.000 евра и три автомобили.
Инаку Марија Булат еднаш веќе беше уапсена за поседување дрога.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.