Учесникот во „Ѕвездите на Гранд“, Иван Рајиќ, е дисквалификуван од музичкото шоу затоа што не сакал да потпише договор за соработка на девет години со продукцијата „Гранд“, пишува „Ало.рс“.

Иван се огласи на својот Инстаграм по овој повод и објасни во каква ситуација се нашол.

Драги пријатели, сакам да ве известам дека мојот настап синоќа воедно беше и мојот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“. Ви благодарам на сите за поддршката која ми ја дадовте од првото мое појавување на оваа сцена. Сакам да се заблагодарам и на „Гранд“ продукција на дадената прилика која ја искористив, според мое мислење, на најдобар можен начин. За жал, во овој момент на мојата кариера не сум подготвен да направам голем чекор како што е потпишување договор на 9 години. Со ова одбивање добив известување дека сум дисквалификуван и дека мојот пат завршува тука.

 

Почувствував дека со потпишувањето на договорот го губам она што ви го претставува Иван Рајиќ. Во иднина ќе се посветам на други проекти, а можеби повторно ќе се видиме на најголемата сцена на Балканот, никогаш не се знае што носи животот. Можеби некои ќе мислат дека ова е грешка, но не можам ништо против себе… Им ја посакувам целата среќа на колегите кои поминаа понатаму и со внимание ќе ве следам сѐ до финалето – напиша Иван до своите фанови



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.