Наташа Беквалац годинава го доживеа третиот брачен бродолом. Во разговорот со „Свет“, пејачката искрено проговори за бившите сопрузи и за наследничките Хана и Катја.
Јас ги прекинав прекинав односите кога стануваа токсични за мене, а ако се такви за мене, тогаш се и за моите деца. Многу поголеми проблеми, фрустрации имаат децата од лоши бракови. Моите ќерки немаат доживеано нешто лошо, јас тој однос го прекинував. Хана никогаш нема слушнато покачен тон во куќата. Израсна во апсолутна љубов, ништо не и’ недостасуваше, има два родитела, исто како и Катја. Во секој миг е во здраво опкружување, не постојат нарушени односи. Таквите деца имаат предиспозиција за посреќен живот од оние што растат покрај родители чиј брак не функционира. Таквите деца живеат во страв, исплашени се за своите мајки и татковци и заради родителите страдаат и тие, вели Наташа.
Taa додава дека никогаш не би останала во брак заради децата.
Најглупав можен изговор е: ‘во брак сум заради децата’! Тоа е само криење зад несигурноста. Во брак си затоа што не си способен да бидеш самостоен. Во лош брак остануваат луѓето што не мислат на своите деца, туку исклучиво на интересите што немаат врска со љубовта, искрена беше пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.