Во јавноста се појави снимка од инцидентот во Холивуд кога раперот Куаво, член на познатото трио „Мигос“, насилно ја влече поранешната девојка Савити и ја фрла на подот во лифт, .
Видеото е од 2020 година, но дури сега се појави во јавноста и предизвика бурни реакции на јавноста. Нападот бил снимен пред парот да ја раскине двегодишнатата врска.
Безбедносната камера го забележала моментот кога Савити го удира Куаво пред да влезе во лифтот и се обидува да го спречи да влезе со неа. По туркањето на вратата од лифтот, раперот ја соборува девојката на подот. Иако лифтот се отвора на следниот кат, Куаво не ѝ помага на девојката да стане и стои до неа додека станарите ја набљудуваат целата сцена.
Извори за ТМЗ велат дека конфликтот се случил во 2020 година, неколку месеци пред раскинувањето.
Раперката на 19 март изјавила дека раскинала со Куаво и дека се чувствува предадено по неверството.
Сама сум. Премногу пати бев изневерена и повредена од приказната која ја деградира мојата личност. Емотивно сум отсутна веќе подолго време, но сум конечно мирна и слободна – напиша Савити на Твитер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.