Иако кога Марина Туцаковиќ почнала да се бори за сопствениот живот, се откажала од идејата да ги собере сите долгови од музичарите за кои пишувала хитови, нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа највува дека нема намера да им прости на должниците ниту пара.
Според српски „Блиц“, музичарите и должат на Марина повеќе од 90.000 евра.
Марина беше многу внимателна кому му продаваше кој текст, кој и плаќаше и кога пишуваше со години, практично откако почна да пишува песни. За оваа тетратка знаат и нејзиниот сопруг Фута и синот Лаќа, и како што слушам, нејзиниот син не сака никому да му прости ниту динар затоа што знае колку ја болело Марина што не ја почитувале кога и` било најважно, не се ни јавиле да прашаат како е и дали би можеле да го платат долгот на рати, иако знаеле дека и` требаат пари за лекување – вели извор близок до семејството.
Тој вели дека Марина била многу нервозна за тие долгови.
Таа никогаш не разбра како некој без срам може да се преправа дека е глупав, па дури и да не и се јави и да и` се извини. Таа напиша сериозни хитови на кои сите овие пејачи собраа големи пари, а и останаа должни. Штом се` ќе се смири малку, можеби по 40 дена, Лаќа ќе ја отвори нејзината тетратка и ќе види како да ги бара сите овие долгови. Сигурно е дека сите sвезди кои се должни ќе го тужат. Многу пејачи нема да бидат добро затоа што е подготвен јавно да каже се`. Вкупниот долг на пејачите е над 90.000 евра. Колку што знам, еден популарен фолк пејач останал сериозно задолжен и Марина го бркала долго време, а има една пејачка кој зела дури четири песни од неа, од кои две се сериозни хитови, и таа никогаш не платила – додава изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.