Откако голем број на млаид лица во Србија се имунизираа, настапите и концертите добија зелено светло за одржување, па така минатиот викенд белградските клубови беа преполни со гости. На првиот настап по повторното отворање од преголема посетеност на настапот на Наташа Беквалац еден сплав почна да тоне, додека кај Аца Лукас пак летаа евра од ќеиф.

Аца деновиве има полни раце работа и не заприра откако се отворија клубовите. Има букирано тезги за наредните два викенда и засега. Викендов пееше на еден сплав, сè беше резервирано, а обезбедувањето мораше да врати околу стотина луѓе кои сакаа да влезат во клубот, бидејќи веќе немаше место. Врв на вечерта беше кога Аца доби бакшиш од 5.000 евра за една песна. Кога еден дечко на сепаре ја слушна песната „Волиш ли ме“, мавташе со банкноти од 500 евра. Иако пејачот замавна со раката кон него, давајќи му знак дека не зема бакшиш на неговите настапи, сепак, момчето беше толку упорно што ги фрли банкнотите на сцената. Подоцна клавијатуристот на Аца ги собра и преброи 5.000 евра, открива извор кој бил во клубот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.