Пејачката Индира Арадиновиќ Инди оперирана е на 9 март, кога од естетски причини намален и е желудникот. Оттогаш пејачката имала уште една операција поради компликации предизвикани од зафатот, а по се судејќи, пејачката изгледа ќе мора  повторно под нож, како би и се спасил животот.

Состојбата на Инди е критична поради акутното воспаление на панкреасот, кое бара итна хирушка интервенција, но лекарите чекаат организмот на пејачката да зајакне, како би можеле да направат операција под целосна анестезија.

Извор близок на пејачката открива дека нејзината состојба е многу лоша и дека лекарите даваат се од себе со лекови да и го смират воспалението на панкреасот. Во моментов се наоѓа на интензивна нега во Клиничкиот центар во Србија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.