На Дарко Лазиќ одненадеж му се слошило во авионот со кој се враќал од настап, по што белградскиот аеродром „Никола Тесла“ морал да го напушти во инвалидска количка, пишува српски „Стар“.

Не се знае што точно му се случило, но иако се чувствувал подобро, решил да го искористи помошното средство.

Поради повредите од тешката сообраќајна несреќа, која ја преживеа пред една година, пејачот шест месеци ги помина во количка, но и откако почна да се движи, тоа му оди отежнато.

На снимката направена од „Папарацо лов“ најдобро се гледа како Лазиќ едвај се движи:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.