Емина Јаховиќ се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал, но нивниот однос денеска е како да се брат и сестра и нема никаква зла крв меѓу нив, и тоа поради нивните синови.
Емина истакнува дека среќата на нејзините синови и е најважна во животот и затоа се труди да ги сочува добрите односи со поранешниот сопруг, Мустафа.
Мустафа и јас имаме заеднички интерес, а тоа се нашите деца. Не смееме да направиме нешто што би можело да ги повреди нашите деца. Ние се уште сме млади луѓе и можеме да имаме партнери во животот, но тоа мора да биде одмерено и паметно. Важно е нашите деца еден ден да се гордеат со нас – нагласува Емина.
Емина се осврна и на неславното раскинување со турскиот бизнисмен Садетин Саран.
Маж може да ме освои со искреност и убава енергија. Јас сум жена која не бара многу, која всушност се може сама. Мене маж не ми е потребен за да преживеам, за да стојам на свои нозе, јас сето тоа го можам сама. Едноставно, потребно е да биде само другар – рекла самоуверено Емина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.