Српскиот пејач Дарко Лазиќ отпатува за Берлин за да преговара за нова работа, но и преселба. Репортерите на „Блиц“ ја посетиле неговата мајка Бранка Лазиќ во Брестач, а таа им признала дека го посоветувала да не се враќа.
Дарко се обидува да заработи за своите деца. Тој е посветен татко. Беше корона, не работеше, немаше многу, но штом ќе заработи, ќе им даде на Лорена и на Алексеј сè, како порано. Ќе дојде од Германија на неколку дена, па ќе се врати. Има нови планови, и јас го поддржувам. Го советувам да остане таму да живее и да не се враќа овде. Само повремено да доаѓа да ги гледа децата, мене и брат му, но не и да се враќа за стално. Подобро му е таму отколку тука, заради сè, им рекла Бранка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.