Српската јавност денеска беше потресена од жалната вест дека некогашната водителка и новинарка, Дивна Карлеуша починала во својот дом.  Станува збор за мајката на познатата пејачка Јелена Карлеуша, за која е поврзана една интересна приказна.

Имено, Дивна пред неколку децении му го скршила срцето на најголемиот заводник на Балканот, Здравко Чолиќ. Всушност, за нивната неуспешна љубов највиновна била мајката на Дивна затоа што не ѝ дозволила да се гледа со Чола.

Наводно Чолиќ многу страдал по Дивна, а мајка ѝ Дара да не се спротивставела на нивната љубов, кој би знаел што би се случило со двајцата.

Во српските естрадни кругови со години се зборува дека Дивна и Чола биле во страсна врска, но има и онакви кои тврдат дека меѓу нив секогаш имало заемна симпатија, но романсата не се остварила. Во тоа време Дивна важела за една од најубавите белграѓанки и околу неа се вретеле многу момчиња. Но, наместо за мега популарниот пејач, Дивна на 19 години се омажила за тапанарот од групата Проарте, Драган Карлеуша, и ја родила Јелена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.