Во екот на скандалот кој ѝ е сервиран на Јелена Карлеуша, проблеми и во мирниот живот на нејзината лута сопарничка Цеца Ражнатовиќ.
Фолк дивата синоќа забележала дека во рок од 24 часа бројот на следбеници на Инстаграм нагло пораснал за неверојатни 50.000. Цеца е свесна дека ова не е нормално и е невозможно по природен пат, па затоа побарала помош ид техничкиот тим на Инстаграм, но им се обратила и на следбениците со соопштение.
Мили мои, денеска се случи вештачки скок за 50 илјади нови следбеници на мојот профил на Инстаграм. Не знам кој стои зад тоа, не сакам купено вештачко опкружување, затоа и се обратив до Инстаграм. Кој и да стои зад оваа подмолна игра, срам да му е, се надевам ќе биде запрен, пишува пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.