Здравствената состојба на српскиот пејач Дарко Лазиќ е подобра. Тој пред еден месец доживеа тешка сообраќајна несреќа и беше во критична состојба, а сега полека се опоравува во бања.
Неколку дена по првата електротерапија, Дарко успеал да застане на нозе со помош на патерици.
Дарко може да стои на нозе. Вежба на стабилноста и рамнотежата во стоечка положба, таа положба од седење во стоење треба да биде безбедна и сигурна за да не дојде до паѓање или нестабилност. Интезивно се работи на тоа. Може сам да стои неколку минути. Вежба и на кревет за терапија. Движењето е многу комплицирана работа, има многу механизми во прашање и вклучени се повеќе мускули. За да има сила за шетање, мора да ги зајакне мускулите на рацете грбот и останатите мускули„ изјавил за „Блиц“, Милош Полексиќ, докторот на пејачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.