Пејачката Северина Којиќ на прес-конференција откри дека има големи приватни проблеми, изнесувајќи тешки обвиненија на сметка на училиштето во кое учи нејзиниот син. Таа тврди дека учителките го злоставувале малиот Александар.
Учителките на мојот сопруг Игор не му дале да го земе детето од училиште, туку син ми го заклучиле и физички го злоставувале. Добивам заканувачки мејлови од мојот бивш сопруг Милан, а учителките син ми го влечеле за рамената и за стомакот. Син ми сакал да дојде кај Игор, ама не му дозволиле. Тоа се случува бидејќи таткото на детето рече дека ќе ми го одземе синот. Милан наводно ја платил кампањата на Бандиќ, а училиштето во кое се случи сè, е под градска управа. Чувствувам дека е нешто труло во Хрватска – со овие зборови Северина го започна своето обраќање на прес-конференцијата, пишуваат хрватските медиуми.
Како што вели таа, овие информации морала јавно да ги сподели.
Јас сум единствената мајка која не смее на својот инстаграм-профил да објавува слики од сопствениот син зашто мојот бивш сопруг го решил тоа на сомнителни начини – тврди Северина.
Од училиштето се воздржуваат од секакви коментари поради детето, бидејќи сметаат дека тоа заслужува да има спокојно, односно мирно детство, откриваат хрватските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.