Семејството на трагично настраданиот Шабан Шаулиќ, кој загина во тешка сообраќајна несреќа пред 7 дена во близина на Германскиот град Билефелд, огорчена е и лута на менаџерот Сабит Дервишевиќ, затоа што во писмениот договор, требало да обезбеди превоз за Шаулиќ.
За српски Телеграв, менаџерот Сабит Дервишевиќ даде изјава дека тој не е воопшто крив, за тоа што го обвинува семејството од Шабан.
Сабит изјави дека семејството на Шабан многу добро знае за што се работи, и дека тие беа единствени шефови на екипата, која секогаш одела на настап. Тој рече дека многу работи знае за целата ситуација, но сега не е во ред да зборува за тоа, откако Шабан Шаулиќ настрада во сообраќајката.
„Јас добро знам се, како дојде тоа да тој требаше да лета за Диселдорф, а не е ни време ни место, ни момент, ниту сакам тоа да го дискутирам додека не се изјасни Гордана Шаулиќ. Нека праша кој одлучи Шабан да спие во Билефелд, изјави Сабит за Телеграф„
На Фејсбук се огласил човек со име Michael Bulić и напишал дека тој лично го однесол Шабан и неговиот кум Слободан Боби Стојадиновиќ за Билефелд.
„Јас лично таа ноќ ги однесов Шабан и Слободан за Билефелд, затоа што Шабан одлучил да спие во хотел во Билефелд, а не во Диселдорф во хотелот како што беше договорено.
Според тоа, никој од нас не можеше ништо тука да промени, ниту Саше, ниту јас коj требaше да го вратам. Тоа е сама одлика од Шабан„
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.