Музичарот Мирасад Кериќ кој беше тешко повреден во сообраќајната несреќа која ја доживеа со покојниот Шабан Шаулиќ во неделата во 6.50 во близина на германскиот град Билфилд, почина вчера во попладневните часови во болницата во која е примен после несреќата.

И покрај сите напори да го спасат, тој ја изгуби битката за живот. Овој клавијатурист зад себе остави два сина, ќерка и сопругата Ружица Кериќ, кој до последен момент верувала дека нејзиниот сопруг ќе преживее.

Таа открива дека нејзиниот сопруг не требало да биде со Шабан на настапот, но дека тој го замолил да го придружува на настапот, а овој не можел да го одбие.

Мирсад 17 години работеше со Шабан, се дружеа, беа блиски. Шабан имаше голема доверба во маж ми. Мирсад не требаше овој викенд да оди на настап, туку да оди во Кобенц, бидејќи татко му е во кома веќе 10 дена. Меѓутоа Шабан го замоли да оди со него на настап, само нему му веруваше. За жал после концертот се случи таа страшна несреќа. Колку што знаеме, Мирсад не бил виновен за сообраќајката, туку пијаниот човек кој ги удрил од позади. Тоа ми го кажаа како официјален извештај за несреќата – рекла потресената Ружица.

Таа додала дека состојбата на нејзиниот сопруг од почеток била тешка.

На Мирсад првиот ден му е отворена главата. Ги прашав лекарите дали има уште некои тешки повреди, но ми рекоа дека само главата му е тешко повредена. Сите се надеваваме дека ќе се извлече – треперливо објаснила Ружица.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.