Мирослав Илиќ има рок од 30 дена на судот да му достави ДНК примерок, за процесот на докажување на татковството да продолжи. Шеесетиосумгодишната пејачка легенда одбива да го признае за син Девин Антовиќ, кој поради тоа поднесе тужба.

Како што дознава „Телеграф“, рокот од 30 дена почнал да истекува од вчера, а во тој период и Девин и Мирослав треба да достават примероци во Институтот за судска медицина, каде ќе се извршат анализите.

Мирослав Илиќ со години има проблеми со неговата наводна љубовница Мирјана Антоновиќ, заедно со својот син пред две години се врати во Србија, наводно, со желба да го запознае со татко му, но тоа не се случи бидејќи Илиќ тврди дека Девин не е негов син.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.