Низ регионот брзо се прошири веста дека младата Србинка Милјана Богдановиќ е во врска со 53 години постариот Милојко Божиќ, со кого направи свадба, а по кратко време ги потпиша и документите за развод. Пред и законски да се раздели со Божиќ, 22-годишната Милјана влета во нова романса, повторно со постар господин, пензионерот Милош Марковиќ од Ужице.

Разликата во години е формална работа, порача 61-годишниот Марковиќ, кого таа го запознала во кафуле во Ужице, каде живееле и нејзините родители.

Само на некои луѓе годините им пречат, не и нас, Немаме разлика во сфаќањата, заедничките активности, сексот, љубовта, затоа сме среќни, изјави неодамна тој.

Пријателите на Милош за српски „Курир“ раскажуваат дека тој е разведен и има две деца.

Некогаш беше многу богат, а сега во пензија живее од возење на такси. Сè што стекна во животот потроши да помогне секому. Таквиот живот го донесе до ова што е сега, да живее скромно и како потстанар, вели соговорникот.

Milijana Bogdanović

За мотивите за претходниот брак на Милјана со 75-годишниот Милојко, кој ѝ донесе учество во реалното шоу „Парови“ веќе трета сезона, се пишуваше многу, но според пријателите на Милош, ова сега мора да е вистинска љубов.

Нè зачуди што таа одлучи да биде со него, не поради годините, туку поради тоа што тој не е богат. Очигледно, навистина е со него од љубов, коментира соговорникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.