Милан Поповиќ првпат се огласи во јавнсота откако судот во Загреб одлучи да му додели привремено старателство врз синот. Српскиот бизнисмен ја сподели својата страна на приказната со српски „Курир“ во кое зборува за Александар, Северина, пресудата…

Поповиќ не одговори на прашањето дали ја смета Северина за добра мајка.

Не можам да одговорам на ова прашање, но факт е дека неодамна се случија работи што една мајка не смее да си ги дозволи. Ова не се однесува на одземање на дете од мајка, како што пи-ар тимот на Северина упорно се обидува да го претстави во медиумите. Само ќе поминува повеќе време со мене, а помалку со мајка му, вели Поповиќ.

Тој додаде дека смета дека таквата пресуда требало да се донесе порано.

Оваа пресуда требаше да биде донесена уште многу одамна. Судскиот процес беше одложен поради отсуството на Северина на рочиштата и доцнењето на нејзиниот адвокатски тим. Задоволен или незадоволен, не е важно во овој момент. Важно е оваа пресуда да биде најдобра за нашето дете, тврди Милан.

Уште еднаш истакнува дека синот ќе може да ја види својата мајка кога сака.

Како што знаете, јас активно се залагам за заедничко родителство и мојата намера е да продолжам. Секако, најпрво ќе ѝ предложам на Северина детето да биде со неа ако сум спречен и дека ќе ја вклучам колку што е можно во сите важни прашања во врска со детето, ако таа го сака тоа, вели бизнисменот.

На прашањето како му објаснил на својот син дека ќе живее со него, тој рече дека не може да зборува за деталите во врска со детето, но истакна дека тој и Северина имаат еднакви права.

Нашите права отсекогаш биле и ќе бидат исти. Се надевам дека Северина наскоро ќе го сфати тоа и дека конечно ќе можеме да му обезбедиме прекрасно мирно детство на нашиот син, заврши Поповиќ.

По оваа пресуда Северина доби голема поддршка од јавноста, а таа објави трогателна порака на социјалните мрежи за својот син. Нејзиниот адвокат вчера ја поднесе жалбата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.