Хрватската пејачка Северина Којиќ наводно со месеци не плаќала алиментација од 160 евра за нејзиниот син Александар, поради што поранешниот партнер, српскиот бизнисмен Милан Поповиќ, решил да ја тужи.
Северина, наводно, престанала да испраќа пари за нејзиниот син во март, затоа што се наоѓа во тешка финансиска ситуација поради корона вирусот, пишува „Србија данас“.
На крајот на минатата година Северина го загуби старателството над нејзиниот син Александар. Тогаш доби пресуда дека секој месец мора да испрати 160 евра за алиментација на таткото на момчето Милан Поповиќ. Сепак, таа не дала ниту динар од март и затоа Милан реши повторно да ја тужи. Да бидеме јасни, тој има доволно пари дури и без тие нејзини пари, но тој го свитка листот од принцип. Севе и Милан се тужат за секоја глупост и така се реваншираат еден на друг. Тој со години ѝ плаќал по 2.000 евра месечно за алиментација, па го нервира тоа кога таа сега вели дека нема 160 евра за да испрати за своето дете – вели добро информиран извор.
Хрватската поп-sвезда преку својот адвокат порачала дека доцни со алиментациите поради корона вирусот.
Таа тврди дека е во многу тешка ситуација поради пандемијата и дека во моментов не е во можност да одвојува 160 евра секој месец. Таа нема никакви приходи, не настапува никаде, а и самата помина неколку недели во изолација поради лекувањето на корона вирусот. Преку својот адвокат, таа му порача на Милан дека уредно ќе ги подмири своите обврски веднаш штом ќе биде во можност. Поповиќ навистина се изнервирал, бидејќи тој воопшто не ѝ верува и му рече на неговиот адвокат да покрене нова тужба – вели изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.