Ја делиме уметноста заедно, нема слика која и ја немам покажано пред да ја завршам. Каролина има одлично око и често знае да се фати за некоја работа која воопшто не ја гледам, го знам нејзиниот израз на лицето и не може да ме излаже ако не ѝ се допадне, открива познатиот уметник и сопруг на Каролина, Михаил Корубин во интервју за „Машки магазин“.
Ние живеевме заедно и пред бракот, тоа е само еден вид официјализирање, убавината е во заедничкиот живот, а тоа би го правеле и без бракот. После толку време заедно мислам дека си ги знаеме сите ”цаки”, така што погледот е доволен. Научивме многу еден од друг, доволно сме различни во позитивна конотација за да прифатиме нови работи еден од друг, вели Корубин запрашан за тоа што е според него убавината на бракот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.