Српскиот пејач Дарко Лазиќ се посвети на враќањето на естрадата, а во едно интервју за српските медиуми открива во каков однос е со Ала Лукас, бидејќи непосредно пред разделбата со Ана Севиќ во јавноста се шпекулирашедека Ана го изневерила токму со Лукас.

Лазиќ открива дека Лукас му е еден од најдобрите пријатели на естрадата и не го обвинува за спорната ситуација.

Пред се, што се однесува на пријателите од естрадата, многумина ме разочараа. Кога ќе речам многумина, мислам на оние кои ми беа наводно пријатели, а ме влечеа кон дното. Со таков полусвет повеќе немам контакт. Андреана Чекиќ ја сметам за пријател за цел живот. И секако, тука е Аца Лукас, кого го сметам за добар пријател. Лукас беше покрај мене и тоа вистински. И денес знае да ми се јави и да ме посоветува. Ако прочита нешто во весниците, ми се јавува и ми вели: „Мора да се видиме да разговараме“. Мене тоа многу ме изненади, ама навистина цело време е покрај мене. 

Лазиќ не сака да зборува за поранешната сопруга, но на прашањето одговара само затоа што е поврзано со Лукас.

После се што се случуваше претходно, знаете што, Аца не е човек на кој можат да му се замерат некои работи. Тој е таков и готово. Го почитувам многу, а и тој мене. Ме советува аккос вое дете. Аца нема ниту грам суета. Знам дека ова ви личи на шпанска серија, ама така е.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.