По неколку години „медиумска илегала“, Мелита Ракичевиќ деновиве јавно говорела за разводот со сопругот Соме, но открила и детали поврзани со нејзината бурна љубовна врска со младиот битолчанец Виктор пред камерата на „Бекстејџ“.
Секој развод е тежок, но кога веќе нема љубов и емоции најдобро е да стави крај на бракот и да се продолжи напред. Со Соме останавме пријатели и до ден денес си помагаме и се поддржуваме и функционираме супер, открила Мелита и се осврнала на нејзината последна врска за која многу се пишуваше во медиумите.
Јас сум среќна што на овие мои години успеав да доживеам таква љубов. Јас сакам филмски работи, а нашата љубовна приказна беше баш таква. Голем дел од медиумите пласираа невистини за нашиот однос, па дури одеа дотаму и пишуваа дека ме оставил затоа што сум му ги потрошила сите пари. Тоа е лага, заедно потрошивме сè, пропадна и мојот бизнис исто како и неговиот затоа што многу се занесовме и бевме 24/7 посветени еден на друг, а се друго ставивме во втор план, додala поранешната водителка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.