Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган Маркл постигнале договор со агенцијата за фотографии која без одобрение го фотографираше нивниот малолетен син, Арчи, во нивниот дом.
Меган и Хари, во јули покренаа тужба во која обвинија дека неименувани папараци нелегално го фотографирале нивниот син со беспилотни летала и хеликоптери близу приватната резиденција на семејството во Калифорнија, кога бебето имаше 14 месеци.
Судските документи поднесени до Високиот суд на округот Лос Анџелес во четвртокот покажуваат дека фотоагенцијата „Икс-17“ се согласила да престане да дистрибуира слики на кои се гледа Арчи со неговата баба, мајка ѝ на Меган, во градината во семејната резиденција и да ги предаде оригиналните слики и сите копии на семејството.
Покрај тоа, „Икс-17“ му се извини на семејството.
Агенцијата, исто така, се согласи да плати дел од правните трошоци на семејството – изјави нивниот адвокат, Мајкл Камп.
Меган, Хари и Арчи сега живеат во Санта Барбара, близу Лос Анџелес во Калифорнија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.