Најстариот син на Анџелина Џоли и Бред Пит, 19-годишниот Медокс Џоли Пит, сведочеше против неговиот татко во текот на долгата битка околу старателството над децата на поранешниот пар.
„Медокс како полнолетно лице веќе сведочеше во тековниот спор околу старателството и не беше многу ласкав кон Бред“. Тој не го користи презимето Пит на своите документи, туку само Џоли, што не е легално. Медокс сака легално да го промени своето презиме во Џоли, но Анџелина изјави дека не го поддржува тоа“, објави изворот ексклузивно за „US Weekly“.
Анџелина минатиот петок поднесе нови докази во судот во кој Пит го обвинува за семејно насилство. Во документите се наведува дека актерката и нивните деца, Медокс, Пакс, Захара, Шило и близнаците Кнокс и Вивиен, се подготвени да понудат докази во прилог тврдењата против Бред Пит.
„Одделението за деца и семејство од Лос Анџелес речиси веднаш го ослободи актерот од обвиненијата за семејно злоставување, но случајот остана отворен поради големата претпазливост на Одделението кое работата ја сфати многу сериозно. Во речиси две години постојано надгледување, не постоел случај во кој би се огласило ѕвончето за тревога“, изјави изворот.
Луѓе блиски до актерот наведуваат дека новите обвиненија на Џоли против Пит се само еден обичен обид за низок удар.
„Во текот на последните четири ипол години Анџелина тврдеше многу нешта. Се е разгледано, но ништо од тоа не е потврдено. Таа повеќе пати ги користеше децата за да го повреди Бред, а ова е само продолжение на таквото однесување. Нејзиниот четврти или петти адвокат се обидува само да му наштети на Пит, без никакви докази“, изјави изворот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.