Откако во јавноста се појавија информациите дека латино дивата Џенифер Лопез (51) ја раскинала двегодишната свршувачка со бејзбол легендата Алекс Родригез (45), нивните обожаватели не престануваат да жалат и да објавуваат коментари под нивните заеднички фотографии.

Неколку американски медиуми објавија дека причината за крајот на нивната врска е афера која Алекс наводно ја имал со Медисон Лекрој (31). Медисон е 20 години помлада од Џеј Ло, а позната им е на оние што следат реални шоуа.

Медисон негира такво нешто и вели дека никогаш не се сретнала со Алекс, но штетата е веќе направена затоа што, според странските медиуми, се чинело дека токму таа е виновна за раздорот помеѓу славната пејачка и спортистот.

И претходно имаше проблеми, но скандалот со Медисон е капка што ја прелеа чашата. Џенифер не можеше повеќе да се справи со тоа. Во глава ѝ стоеше мислата дека Алекс ја изневерува со 20 години помладата ријалити sвезда – објави еден од најпознатите блогери за славните личности, Перез Хилтон (42), пишува „Пејџ сикс“.

А, која е таа дама воопшто? Медисон ЛеКрој е родена во Гринвил, Јужна Каролина. Има брат и сестра, а се појавила во дури 29 епизоди на популарното реално шоу „Јужен шарм“, кое ги следи добростоечките семејства. Таа е деловна жена, на почетокот на февруари заедно со Мег Воркман го отворила салонот во Чарлстон наречен „Мавен сосаети“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madison LeCroy (@madison.lecroy)

На 20-годишна возраст се омажила за Џош Хаџес, професионален играч на американски фудбал. Се развеле по пет години брак, а заедно го имаат синот Хадсон (8).

За себе вели дека е вљубеничка во фитнес, што без сомнение може да се заклучи од фотографиите на социјалните мрежи. По породувањето, се подложила на неколку естетски зафати за да го донесе своето тело во подобра состојба и да ја врати самодовербата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Madison LeCroy (@madison.lecroy)

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.