Триесет и четиригодишнот возач на автомобилот кој ја предизвика сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ помина само со лесни повреди на рамената, пренесуваат германските медиуми.

Лекарите сè уште се борат за животот на Мирсад Кериќ, музичарот кој управуваше со автомобилот во кој беше Шаулиќ. Тешко повреден е и кумот на пејачот, Слободан Бобан Стојадиновиќ, но тој е во стабилна состојба.

Мажот кој ја предизвика тешката сообраќајка возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола. Тој се забил во совозачката страна на „сеатот“ во кој се возел Шаулиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.