Настапот на српскиот пејач Митар Мириќ во еден клуб во хрватска бил прекинат поради масовна тепачка.

Како што пренесуваат медиумите, во тепачката учествувале сите присутни меѓу кои и полицајци во цивилки.

За среќа никој не е повреден. Од полицијата велат дека се спроведува криминалистичка истрага поради големиот број на луѓе кои за време на индидентот биле во клубот. Менаџерот на клубот тврди дека еден од полицајците кои биле во клубот му се заканувал.

Уништен е настапот бидејќи сите гости излегоа околу 3и20 надвор,а клубот работи до 5ч, а направена е штета на клубот – вели менаџерот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.