Марјан Коцев конечно се сретна со Тонг, кој во познат ресторан во Сиднеј го запеа неговиот голем хит, “Ти само ти”.

Имено, нашиот познат пејач кој моментално ја остварува Австралиската турнеја, се вклучи во живо со видео на неговиот фејсбук профил од ресторанот “Скара Рама” во Сиднеј, на кој што сопственикот е Македонец.

Тонг, кој потекнува од Тајланд стана хит на социјалните мрежи откако од кујната на ресторанот “Скара Рама” објави видео на коешто ја пее познатата македонска песна “Ти само ти”. На ова неможеше да се воздржи нашиот познат фолкер Марјан Коцев кој моментално престојува во Австралија и ја остварува неговата турнеја, па отиде до овој ресторан специјално за да го запознае Тонг, а оттаму се вклучи во живо на неговиот фејсбук профил.

Тонг и Марјан овојпат, големиот хит го запеаа заедно и директно од Сиднеј ги поздравија сите Македонци ширум светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.