Марина Туцаковиќ 70-те години од минатиот век беше во врска со пејачот Оливер Мандиќ, кој тогаш беше на почетокот на својата кариера. Иако во јавноста ретко се зборува за оваа романса, тие четири години беа во врска, а Оливер во една прилика потврди дека Марина патела за него.
Јас и Марина бевме во врска четири години. За време на нашето забавување ми ја напиша „Лулај ме нежно“. Откако ја објавив песната, раскинавме, ја оставив поради млади и поубави девојки. Тогаш почна лудилото во мојот живот, а таа веројатно патеше. Нашата соработка продолжи и после раскинувањето. И благодарам што ги напиша за мене најубавите текстови, сите песни ми се од неа, рече Мандиќ во една прилика.
После раскинувањето, според Оливер, останале во добри односи,.
Таа е дупла скорпија, парите ги сака најмногу, заклучил Оливер.
Марина, пак, за разлика од него вели дека не се сеќава на сите детали поврзани со романсата со Оливер.
Одамна беше тоа, имам заборавено!, рекла Туцаковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.