По раскинувањето со Дарко Лазиќ, поранешната свршеница на српскиот пејач и мајка на неговото дете Марина Гагиќ се врати во домот на своите родители. Српските таблоиди шпекулираа дека таа сè уште го сака, но дека тој ја одбивал кога сакала да ги „испегла“ работите, а Марина сега се огласи и стави крај на ваквите муабети, откривајќи дека ќе одат на суд.

Секако дека не е точно дека се обидувам да се смирам со Дарко. Јас сум таа што стави крај на нашата врска. Реално, зошто би се обидувала да се смирам со него? Мислам дека тој потајно се надева на смирување, не е напорен, но ништо посебно не се обидува. Ми испраќа пораки и тоа е тоа, но јас ставив крај на тоа и нема начин како да се смириме, рекла Марина.

Исто така се пишуваше дека Дарко наводно има нова девојка, пејачката Барбара Бобак.

Тој ми рече дека нема девојка и не знам што навистина е вистина. Му посакувам се најдобро. Колку што знам, тој нема девојка, не би ми испраќал пораки ако имаше? Можеби таа му е само колешка, додала Марина.

Како што вели, има коректна комуникација со Дарко во врска со нивниот син, но сепак не успеале да се договорат за некои работи.

Јас секогаш ќе му го дадам синот на Дарко, никогаш нема да го спречам да го гледа. Но, не можам да му се јавам и да му кажам да дојде и да го види детето. И да, ќе одиме на суд, не можеме да се согласиме. Кога и да се договорам нешто со Дарко, на крај никогаш не излегува така како што е договорот. Така што, судот ќе пресече и ќе биде така, искрена е Гагиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.