Поранешниaтa моделka на „Викторија Сикрет“, Брижит Малколм, објави видео на „ТикТок“ во кое тврди дека овој бренд има исклучително лошо влијание врз животот на моделите.

Малколм порачува дека наводните обиди на компанијата да ги прифатат различностите и да ги охрабруваат жените е „шега“.

„Викторија Сикрет“ со години се соочуваше со жестоки критики, а во видеото на „ТикТок“ со наслов „Малку доцна, Викторија Сикрет“, 29-годишната Малком, со потекло од Австралија, раскажува дека имала проблеми со здравјето имајќи предвид дека морала да биде на ригорозни диети за да изгледа „перфектно“ на модните писти.

Го најдов мојот градник од ревијата на „Викторија Сикрет“ во 2016 година. Беше со големина 30А, а сега сум на 34Б. Сега моето тело е здраво – вели Бриџит во видеото кое брзо предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.

@bridgetmalcolmtoo little too late Victoria’s Secret ##victoriassecret ##victoriasecretshows ##CompleteMyLook ##MyColoredHair♬ original sound – Bridget Malcolm

Бев одбиена од шоуто во 2017 година од Ед Разек. Тој рече дека моето тело не изгледа доволно добро – открива Малколм.

Инаку, Малколм е една од најгласните моделки што го осудуваат популарниот бренд за долна облека и модната индустрија во целост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bridget Malcolm (@bridgetmalcolm)

За „Викторија Сикрет“ Малколм првпат јавно прозборе пред три години, кога за „Harper’s Bazaar“ раскажа за своето нарушување во исхраната, што ѝ предизвикало дигестивни проблеми и анксиозност.

Во едно од нејзините видеа, моделот раскажа како агентите на брендот ја охрабрувале да зема кокаин, да има секс и постојано ја терале да слабее. Брижит тврди дека еден постар маж неколку пати сексуално ја злоставувал, поради што на крај страдала и од депресија.

Бриџит го напушти брендот во 2019 година, а денес работи со брендови со кои се чувствува безбедно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.