Македонскиот пејач Давид Темелков, кој гради кариера и во Хрватска, јавно ја запроси својата девојка Елена Јунг, а таа кажа „да“.
Запросувањето се случи на фестивалот „Глазбено лето“ во Градишка, каде тој излезе на сцената и на својата девојка ѝ го постави главното прашање.
Целата атмосфера од запросувањето ја снимал водителот Далибор Петко
„Ова се случи“, напиша тој и објави снимка на која Елена стои збунета на сцената.
Таа на микрфон кажа „да“, а потоа потрча во прегратки на Давид.
Се запознавме по концертот на Тони Цетински и тоа на забава по концертот на која случајно се удрив со Елена. Не знаев која е таа, ни таа не знаеше кој сум јас. Уште на првата средба се родија искри меѓу нас. Не знам што ме привлече кај Елена, но тоа е нешто посебно, изјави Давид.
Веднаш ме привлече неговата насмевка, но и неговата симпатичност. Ми беше интересно што на почетокот не знаеше хрватски јазик, па се смеевме. Ја сакам неговата скромност, изјави Елена.
Публиката го запозна Темелков преку неговото учество во „Икс фактор“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.