Иако имаат петмесечен син, а таа постојано беше крај него додека тој се опоравуваше од тешката сообраќајна несреќа лани, Марина Гагиќ нема доверба во нејзиниот свршеник Дарко Лазиќ. Како што пишува „Стар“, 20-годишната Гагиќ постојано го следи пејачот на неговите настапи, а синот Алексеј го остава кај свекрвата.

 

View this post on Instagram

 

My 💋

A post shared by @ gagicmarina on

Мајката на Дарко, Бранка, наводно почнала да негодува, зошто снаата многу се распуштила и се однесува како детето да не е нејзино.

Бранка неодамна ѝ замери на Марина што постојано го остава Алексеј. Таа прво му рече на Дарко дека има уште еден внук од другиот син и дека не е во ред Марина толку да се потпира на неа. Кога тој ѝ го пренесе ова на Марина, таа влезе во жесток дуел со свекрвата, вели извор за „Стар“.

 

View this post on Instagram

 

I love you son ❤️

A post shared by @ gagicmarina on


Кавгата стигнала дотаму што Бранка и рекла:

Ако не ти чини кај нас, слободно спакувај се и оди си кај мајка ти. Не знам дали неа така би ѝ го оставала бебето за да трчаш по Дарко и да го проверуваш. Јас го сакам мојот Алексеј, тој е бабино сонце, но тој е многу мал за ти секоја вечер да го чуваш Дарко, место него. Детето враце, па оди изигравај детектив.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.