Српската Тања Савиќ откри неверојатни детали за тоа со какви ужасни работи се служел нејзиниот сопруг Душан, кој пред седум месеци ѝ ги зеде децата и ги одведе во Австралија.

Им рече на децата дека сум ги сокрила пасошите. Јас навистина ги сокрив, бидејќи тој тоа еднаш веќе го направи, ги одведе децата. Тогаш се разбира потрчав по нив, бидејќи не сакав да ги изгубам. Тој мислеше и овојпат ќе биде така. Реков, имам 35 години и еден живот, епа нема веќе така да правиш со мене. Многу е тешко да се спротивставиш. Им рекол: Мама ги зела вашите пасоши, таа сака вие да умрете од корона во Србија. Ете гледате каква е мајка ви. И тогаш децата буквално почнаа да ме удараат со тупаници. Двата мои сина викаа, врати ги пасошите, те мразиме. Не можев да им објаснувам, што да им кажам. Тие се мали, ќе видат кој е татко им, а која е мајка им. Сега тие и самите гледаат. Сакам да им кажам дека ги сакам и дека ќе се борам за нив, истакна Тања Савиќ за „Магазин Ин“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.