Српската пејачка Јелена Карлеуша е во центарот на скандалот за кој веќе десетина дена пишуваат балканскиот медиуми откако во јавност излегоа нејзини експлицитни фотографии и преписки со фудбалерот Огњен Врањеш. Изненадувачки, иако беа во лоши односи, во нејзина одбрана застана нејзината колешка, Дара Бубамара, која имаше слична афера.

Страшно. Мене кога ми се случи истото не можев да спијам два дена. Поминав низ тоа и знам колку е тешко. Јелена ова не го заслужи. Не навлегувам во тоа што навистина се случувало, но за мене ова е злосторство. Секој треба да има своја интима и сите грешиме, но мора да се почитуваат некои граници, изјавила Дара во едно телевизиско гостување.

Се слушнав со неа за да и ја дадам мојата поддршка. Таа е мајка на две деца која вакво нешто не заслужи, додала Дара.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.