Српската пејачка Весна Ривас открива шокантни детали од минатото на пејачката Весна Змијанац. Таа тврди дека мајката на Весна држела три јавни куќи во виена и ја терала да работи со неа, но таа не сакала.

Да почне Весна да раскажува за својот живот, и камен би проплакал. Таа кажува дека мајка ѝ држела кафеана во Виена, но всушност држела три јавни куќи. На Весна се срамела од работата на мајка ѝ иако со неа била во одлични односи, вели Весна Ривас за животот на својата именичка.

Се обидувала да работи со неа, но не можела да сфати и не сакала да биде во тоа, па се вратила во Србија. Мајка ѝ ја терала да работи со неа во јавна куќа, но Весна не можела да го поднесе тоа. Отсекогааш била мангупка, ја обожаваа криминалци, зашто секогаш била другар. И сега е таква, вели Ривас.

Од друга страна, Змијанац е згрозена од изјавите на Ривас и вели дека лично не се познаваат, но знае кој стои зад глупавата приказна.

Не сум прочитала ништо поглупаво. Не сакам многу да се вознемирувам, ама не ми е ни сеедно. Не ми е јасно како може некому да му падне такво нешто на памет. Мајка ми е умрена повеќе од 20 години и сега најде некој кој нема врска со мојот живот да измислува такви глупости. Мајка ми се бореше акко лавица за да ме школува, даде се од себе за да ме изведе на пат. И сега некој се појавува и вели дека сакала да работам во јавна куќа! Ужас. Ми беше ангел-чувар додека беше жива, а и денес кога ја нема. 

Змијанац вели дека многу делови од нејзината биографија и денес се раскажуваат, но не се вистинити.

Мене народот ме сака и ме почитува и не постои некој кој може да ме зацрни толку многу, зашто луѓето тоа не го прифаќаат. Таа почит межжу публиката и мене трае со години, зашто во контактот со луѓето сум природна, а не онаква каква што ме претставуваат медиумите. Народот препознава што е вистинито. Скандалозна сум и како таква не сум добра за себе, па не треба новинарите да ми додаваат, вели некогашната фолк кралица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.