Српската водителка Милица Кон поминува низ вистински пекол. Неодамна се оперираше од рак на дојката, а сега за српските медиуми откри како се чувствува сега по операцијата.

Скоро секоја вечер плачев, а се смирив дури кога дојдов во болница. Посебно ми беше тешко бидејќи мојата мајка умре од рак на дојка. Ми се пробудија одамнешните стравови што е и логично, среќа со месеци одам на психотерапевт, вели таа.

Додава со каква мисла се разбудила по операцијата.

Мојата сестра која имаше друг вид на операција ми рече: „Со какви мисли влегуваш на операцијата, со такви ќе се разбудиш“. Кога се најдов на операционата маса на сите им реков дека се добри и дека се ова е убаво, а потоа замислував како моите деца играат и пеат, раскажува Кон.

Таа вели и дека најтешките 11 дена биле оние во кои ги чекала резултатите.

Кога тргнав по резултатите си реков „знам дека се е во ред“, звучи чудно, но јас друго сценарио не замислував, заклучила водителката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.