Српската пејачка Ана Севиќ била повикана во полициската станица да разјасни зошто „мерцедесот“, кој се води на нејзино име, има регистерски таблички од друго возило, поточно од „југо“. Пејачката вели дека бившиот сопруг Дарко Лазиќ ја ставил во незгодна ситуација бидејќи не ги средил документите при продажбата на автомилот, кој пред неколку години му го продал на извесен Никола – Црни.
Тоа е автомобилот што Дарко ми го подари по нашата венчавка. Всушност, Дарко му го даде мојот автомобил, кој го возев, на тоа момче од кое го купи „мерцедесот“. Тој автомобил никогаш не ми се допаѓаше затоа што не беше практичен. Набрзо си го купив белиот „мерцедес“, кој Дарко ми го искрши. Дарко спортскиот „мерцедес“ повторно му го продаде на момчето од кое го купи. Меѓутоа, никогаш не ги зеде парите од него. Спорно е тоа што автомобилот е на мое име, а договорот беше да се префрли на името на момчето штом ќе ги даде парите. Меѓутоа, автомобилот никогаш не беше исплатен. Ова беше во 2015 година и никогаш не ме интересирало што се случува со возилото, вели Ана.
Пред неколку месеци, автомобилот бил пронајден со лажни таблички и полицијата ја контактирала бидејќи се води на нејзино име.
Последниве шест години ниту го имам видено автомобилот, ниту знам што се случувало со него. По разводот, му кажав на Дарко да ги среди документите. За жал, како што гледате, тоа не се случилои сега моето име се провлекува низ приказната со која немам никаква врска, порачува лутата пејачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.