Легендарниот Дилан од серијата „Беверли Хилс“, Лук Пери кој почина во понеделникот оставил тестамент. Како што пренесува британски „Дејли мејл“, Пери би требало сиот свој имот да им го остави на децата – помладата ќерка Софија (18) и синот Џек (22) кои ги добил во првиот брак.

Она што ја зачудило јавноста е фактот дека глумецот наводно ништо не и оставил на својата свршеница Венди Медисон Бауер (44), терапевтка и поранешна глумица.

Имено, Лук и Венди својата врска долго ја криеле од јавноста и не се појавувале често заедно, а молчеле дури и кога почнале шушкањата за нивната свршувачка. Како што пренесуваат странските медиуми, таа била покрај Пери во последните моменти на неговиот живот.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.