Не знам што да кажам сега, го нема. Луѓето го „погребуваа“ толку многу пати, но еве ви сега. Тој е мртов. Татко ми го нема. Ништо нема да биде како порано, изјавила помладата ќерка на Џеј Рамадановски, Марија, во изјава за српските медиуми, по смртта на нејзиниот татко.
Марија вели дека е во шок и дека е на лекови поради се што се случило.
Ова е шок за секого. Тато беше добро. Се гледавме секој ден и никој не се сомневаше дека ова ќе се случи. Последните неколку дена беше весел и расположен, правеше шеги во негов стил. Многу ми е тешко. Едвај зборувам. Тој умре одеднаш. Никој не очекуваше. За мене, ова е најголемиот удар во мојот живот. Немам сила да гледам телевизија или да отворам на Интернет. Не ми е гајле што е напишано или што е кажано. Сега сè е ирелевантно затоа што тој не е тука. Останавме без најважната личност во животот, изјавила Марија низ солзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.