Легендарниот фолкер Предраг Живковиќ Тозовац почина на 86-годишна возраст по неколку недели борба со вирусот корона.

Според извор од оваа клиника, легендарниот пејач бил интубиран и потоа се освестил.

Лекарите направија се за да го спасат, а со цел персоналот да ја провери неговата состојба на свест, тие му ги пуштија неговите песни, кои тој веднаш ги препозна. Сè беше направено за да се спаси, но набрзо следеше реанимација, рекол близок извор на семејството.

За жал, Тозовац почина, а според изворите, смртта следела пет минути по полноќ, на 6 април.

Предраг Живковиќ Тозовац е роден во Краљeво во 1936 година. Зад себе ги остави најголемите хитови на српската народна музика. Во октомври 2012 година тој доби диплома за заслужен граѓанин на градот Краљево.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.